ФОТО: Девојче го воодушеви светот- за шест месеци спасила 150 кучиња скитници

 

13- годишната Ана-Марија Ќулку од Романија го користи интернетот за да ја исполни својата мисија – таа сака да спаси што е можно повеќе романски кучиња скитници.

 

Ќулку била бебе кога славната француска актерка Брижит Бардо во 2001 почна кампања за спас на илјадници кучиња скитници во Букурешт. Кучињата ги спасувала со програма на донации вредна 150.000 долари.

 

Ана Марија преку Фејсбук  успева да ги допре љубителите на кучиња ширум светот и за шест месеци таа спасила 150 кучиња скитници и ги испратила во Германија, Австрија, Белгија.

- Тоа не е ниту доволно близу, вели таа. Во Букурешт во последните два месеци се усмртени околу 2.000 кучиња скитници.

Ќулку кучињата од улица ги носи во привремено приватно засолниште или во својот двор во предградие на главниот град. Таа има и ветеринар кој ги вакцинира и им става чип.

Сите трошоци, од стерилизација до издавање кучешки „меѓународен пасош“ ги сноси нејзиното семејство. Тоа се околу 150 евра по куче. Трошоците за превоз на кучето во новиот дом ги сноси новиот сопственик.

Девојчето минува по неколку часа дневно селектирајќи пријави од илјадници луѓе кои се јавуваат на нејзината Фејсбук страница сакајќи да вдомат куче. Меѓу нив има малкумина од Романија.

 

Според проценките, на улиците во Букурешт има околу 60.000 кучиња скитници. Минатата година четиригодишно дете почина од повредите кои му ги нанеле глутница кучиња скитници во еден парк. Тоа покрена улични протести и барања нешто да се стори со тие кучиња.

19.04.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега