Ставрески: Семејствата што имаат потреба од помош се наш приоритет

 

Носителот на листата во четвртата Изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ,Зоран Ставрески денеска оствари средби со граѓаните на Струмица и струмичко. 

- Денес е таков ден да се потсетиме на Велики петок, да се потсетиме дека има многу луѓе, многу семејства коишто имаат потреба од помош и коишто имаат потреба од грижа, им порача Ставрески на струмичани.

Таа грижа, рече, ја изразуваме преку постојано зголемување на социјалната помош која што е предвидена во следната програма да се зголемува за пет проценти секоја година.

- Грижата, исто така, ја изразуваме и со зголемување на надоместок што родителите и семејствата што имаат деца со пречки во развојот го добиваат, а којшто од следната година ќе биде зголемен за 25 проценти и ќе изнесува 5.500 денари, како и грижа за згрижувачките семејства, оние коишто згрижуваат деца без родители или деца со пречки во развојот за коишто, исто така, е предвидено зголемување на надоместокот што го добиваат, рече Ставрески.

18.04.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега