Фудбалските игралишта ќе се опремуваат со вештачка трева

 

Носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Гордана Јанкулоска денеска се сретна со граѓаните на Хром, пред кои ги презентираше проектите од програмата на ВМРО ДПМНЕ.

-Преку Агенцијата за млади и спорт, УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија, во соработка со единиците на локалната самоуправа започнавме со реализација на проект за опремување на фудбалски игралишта со вештачка трева. Eдно од нив е токму во Ѓорче Петров, рече Јанкулоска.

Во наредниот период, рече Јанкулоска, предвидени се 15 сервисни улички во општината Ѓорче Петров во износ од 1.970.716 евра.

18.04.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега