ФОТО: Најскапото велигденско јајце
Најверојатно ова е новиот светски рекорд за Најскапото чоколадно велигденско јајце.
Њујоршкиот слаткар Жак „Мистер Чоколат“ Торе го направил ова чоколадно јајце од 50 килограми, кое во целост е направено од млечно чоколадо, и декорирано со панорамата на Њујорк. Ова интересно јајце во моментот е изложено во неговата продавница „Дамбо“.
На овој мајстор за „чоколадни работи“ му беа потребни околу десет дена за изработка на ова вкусно ремек дело, кое е високо 80 сантиметри и кое мора да биде чувано во простор со темпеатура под 20 степени Целзиусови.
Идејата за креирање на ова џиновско јајце му паднала на памет кога луѓето од тимот на „Big Egg Hunt“ го прашале дали сака да учествува во познатиот годишен лов на јајца.
Ова џиновско јајце е дел од „Faberge Big Egg Hunt“ манифестацијата, која се одвива на подрачјето на цел Њујорк, која инаку е од хуманитарен карактер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа