Јанкулоска: Гасификацијата останува наша примарна цел
Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска денеска се сретна со жителите од скопско Волково, кои најмногу се интересирале за инфраструктурните проекти.
-Во нашата програма нудиме проекти за интензивна изградба на инфраструктурата и тоа подобрување на состојбата во патната инфраструктура преку изградба на автопати, подобрување на состојбите во железницата, се разбира наша примарна цел останува и гасификацијата на Република Македонија, рече Јанкулоска.
Јанкулоска истакна дека ќе продолжи реализацијата на проектите кои ќе го подобрат водоснабдувањето и ќе продолжи изградбата на канализациони и водоводни мрежи. Во таа насока, рече таа, во Волково се гради пречистителна станица за која се одвоени 6 милиони евра што ќе значи подобар квалитет на водоснабдувањето на граѓаните од овој дел на Скопје.
Јанкулоска додаде дека предвидена е изградба и асфалтирање на низа локални патишта и сервисни улици кои во следниот период ќе бидат завршени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа