За влакно и побегнал на смртта- со шлаканица го спасила од јамката околу врат

 

Во Иран во последен момент семејството на жртвата обвинета со смртна казна ја спречило казаната на обвинетиот кој бил осуден на смрт.

 

Осуденикот Балал пред 7 години во еден мал град во северниот дел на Исламската Република во текот на расправа го убил Абдулах Хосеинзадеха, кој тогаш имал 18 години.

 

Балал веќе се имал помирено со својата судбина, со црн превез на главата и јамка околу вратот само чекал да умре.

Мајката на убиеното момче тврдела дека го сонувала својот син како и зборува дека сега е на добро место и дека нема потреба да се осветува. Затоа во согласност со шеријатскиот закон, наместо да ја извлече столицата под нозете на осуденикот кој го убил нејзиниот син и имал јамка околу вратот, таа само го шамарала и му ја симнала јамката околу вратот.

 

После тоа мајката на убиецот и пришла и силно ја прегрнала. И двете заедно плачеле.

 

 

Што ќе се случи на крајот со Балал не е јасно. Според шеријатскиот закон, семејството има право да го поштеди од смртна казна, но тоа не значи дека остатокот од животот нема да го помине зад решетки.

18.04.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега