Испратена потерница по синот на Јанукович
Украинската Служба за безбедност денеска објави потерница по синот на поранешниот претседател Виктор Јанукович, Александр, објавено е на сајтот на украинското МВР.
Александр Јанукович се сомничи за „кривотворење и фалсификување документи и издавање лажни документи“, обвиненија кои носат затворска казна во траење од две до пет години.
Украинската Служба за безбедност додава дека судот издал налог за приведување на осомничениот Јанукович помладиот. Пред два месеци украинските власти распишаа потерница и по постариот Јанукович, кој сега се наоѓа во Русија.
18.04.2014 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа