Уште еден грозоморен чин- мајка го задавила новороденчето веднаш штом заплакало

34- годишната Слаѓана Т. од Цетиње е осомничена за убиство на своето штотуку родено бебе. Според првичните податоци со кои располага полицијата Слаѓана го задушила бебето со голи раце или со некоја крпа веднаш штом тоа заплакало.

На Слаѓана за сега и е одреден едномесечен притвор.

Обдукцијата треба да го потврди налинот и точниот временски период кога бебето било убиено, односно колку минути по раѓањето. Чедоморството се слушило на 8 Април а злосторството било откриено кога Слаѓана поради здравствени проблеми побарала лекарска помош.

Прегледот  покажа дека таа скоро се породила, но за нејзината бременост  никој не знаел ништо. Тогаш таа призна дека самата се породилаво куќата каде што живее и рекла дека и било многу срам па поради тоа криела дека е бремена. Таа тврди дека бебето се родило мртво. Сепак, таа не одговори на прашањето зошто при породувањето не повикала лекар и зошто не ја пријавила смртта на детето.

Кога го пронашле бебето полицајците се посомневаа дека тоа е убиено, а нивните сомнеши ги потврди и лекарот кој ја констатираше смртта.

 

 

18.04.2014 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа