Откриена причината поради која Шумахер е во кома
Седумкратниот шампион Михаел Шумахер по несреќата бил свесен, зборувал, а рацете и нозете му биле во функција па лекарите заклучиле дека тој не бил во тешка состојба.
Одредени германски медиуми тврдат дека доколку лекарите од спасувачката служба подобро ја проценеле неговата состојба последиците за здраствената состојба на Шумахер можеле да бидат помали. Шумахер најнапред бил префрлен во мала болница во Мутие, а дури кога неговата состојба драстично се влошила бил префрлен со хеликоптер во Гренобл каде е опериран.
Возачот на Ф1 по несреќата бил свесен, зборувал, ги движел рацете и нозете, што лекарите од спасувачката служба ги наведе да заклучат дека не е во тешка состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа