Продолжува кампањата за предвремените избори - еве каде ќе има митинзи

 

Продолжува кампањата за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 27 април.

Коалицијата  „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во Македонска Каменица и Делчево, а ќе одржи средби со граѓани во Зрновци, Карбинци и Чешиново-Облешево.

Кандидатите за пратеници на ДУИ ќе одржат митинг и средби со граѓани во Куманово.

ДПА, пак, ќе одржи митинг во Житоше. 

ГРОМ ќе има средби со граѓаните во Кавадарци, Дреново, Возарци, Росоман, Градско и во Прилеп.

18.04.2014 - 10:26
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега