Познат рапер си го отсекол пенисот и скокнал од балкон

 

Раперот Андре Џонсон, кој соработувал со членовите на групата Ву-Танг Клан, си го отсекол пенисот и рипнал од балконот од вториот кат на зградата во која престојувал, пишува сајтот ТМЗ, додавајќи дека во прашање е очигледен обид за самоубиство.

Џонсон бил пронајден во раните утрински часови, околу 01:00 според локалното време, на пешачка патека пред зградата во западниот дел на Холивуд. Тој во критична состојба бил префрлен во болницата Цедарс – Синај.

17.04.2014 - 20:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега