Утре врнежи од дожд и снег на планините

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, a на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни, особено во северните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од три до 13 степени. 

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до девет степени.

 

Врнежите ќе продолжат и во сабота претпладне, а потоа до понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време.

17.04.2014 - 18:45
Фото: 
кумановски муабети

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега