„Една вечер со мене чини 1.000 евра“ - како живее една модерна проститутка

 

32- годишната Дивна  од Белград која работи како придружничка вели не планира да си ја смени професијата бидејќи веќе е научена на луксузниот живот.

 Оваа атрактивна девојка за Блиц открива дека работи како придружничка од својата 23-та година и дека се преселила во Белград затоа што во родното место нема толкав потенцијал за заработка како во главниот град.

-Кога се занимавате со оваа работа морате да ги оставите емоциите на страна. Верувале или не секогаш сум искрена. Ако некој маж ми се допадне и сакам да бидам со него му кажувам со што се занимавам, па ако ме прифати ОК, ако не негов проблем. Си имам свои причини кои се далеку поважни од забавување со некој маж, вели таа и додава дека има болна мајка која ја издржува на овој начин. Никогаш не сакала да оди на факултет и потоа да работи за бедни 300 евра, па решила да се обиде со нешто друго кои очигледно и тргнало од рака. 

Еве колкава е нејзината тарифа:

Таат од една вечер зема по  1000 евра . Иако ова звучи како безобразно висока сума на пари, Дивна тврди дека и се неопходни за постојано да изгледа совршено и да се одржува во форма.

-Луѓето мислат дека мажите плаќаат само за секс, но тоа не е вистина. Пакетот кој го нудам јас опфаќа појавување на настани, деловни вечери на кои од мене се очекува да разговарам на економски и на политички теми. Следи појавување по клубови и на крај интимно дружење ако клиентот е заинтересиран и за тоа, додава оваа модерна проститутка или како што таа повеќе сака да се нарекува, деловна придружничка. 

Иако многумина велат дека го избрала полесниот пат до успехот и животот на висока нога, оваа елитна придружничка, сепак признава дека понижувањата и навредите од средината покажуваат дека само таа знае низ сè што поминува поради нејзината професија.

Извор: Блиц 

17.04.2014 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега