Тешка сообраќајка пред Прилеп - 4 лица со тешки повреди префрлени во болница во Скопје
Четири лица се тешко повредени во сообраќајка што се случила доцна попладнево на патот Градско -Прилеп, јавува Канал 5. Според информациите, поради неприлаодена брзина, дошло до судар меѓу џип марка Киа со охридска регистрација и автомобил Ситроен регистриран во Битола.
Според првичните неофицијални информации кои ги пренсе телевизијата, повредените имаат тешки сршеници на главата, телото и екстресмитетите поради што со возило на итната медицинска помош се префрлени во Ургентниот ценар во Скопје. Полесно повредено е уште едно лице кое по укажаната помош во болницата во Кавадарци е пуштено на домашно лекување.
Дождот кој заврнал пред несреќата го направил лизгав коловозот на патот.
Час и половина претходно сообраќајна несреќа се случила и на патот Кавадарци - Дреново, во близина на селото возарци каде се судриле товарно и патничко возило.
Во оваа несреќа лицата се здобиле со полесни телесни повреди.