Јанкулоска: Бесплатен викенд превоз со воз за младите

 

Носителот на листа во втората изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска ги промовираше новите проекти планирани за ревитализација и подобрување на условите во железничкиот сообраќај.

-Предвидено е и завршување на еден од најголемите капитални проекти за кој со децении се зборуваше меѓутоа ништо не се правеше. Тоа е изградба на пругата кон Бугарија за што се обезбдени средства и заокружена е финансиската конструкција и изградбата веќе ќе започне. Исто така предвидуваме изградба на делницата Куманово-Бељаковце, но можеби најважно од се е подобрување на состојбата на вагоните посебно во делот на патничкиот превоз, предвидено е купување на 6 нови композиции што секако дека ќе го направат патувањето на патниците многу попријатно и 150 товарни вагони што во голема мера ќе му помогнат на стопанството, истакна Јанкулоска, и додаде дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се поволности за кои веруваат дека ќе го популаризираат железничкиот превоз.

ФОТО: Курир

17.04.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега