Извршена смртна казна врз дечкото кој со нож ја усмрти поранешната девојка и нејзиното семејство

 

Во Тексас вчера беше извршена смртна казна врз 38-годишниот Хосе Виљегас, мажот кој со нож ја усмртил поранешната девојка, нејзиниот тригодишен син и нејзината мајка, соопштија затворските власти во Хантсвил.

Егзекуцијата е извршена со инјекција.

Ова е 17-та смртна казна која е извршена во САД оваа година, а седма во Тексас.

Виљегас, според тврдењата на локалните медиуми, за време на извршувањето на злосторството бил под дејство на кокаин.

Откако во САД во 1976 година повторно почнале да се изрекуваат смртни казни, во Тексас се извршени врз повеќе од 515 лица, што е една третина од вкупниот број.

17.04.2014 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега