Еве која е симболиката на велигденските јајца

Во пресрет на престојниот христијански празник Велигден ви ја претставуваме симболиката на велигденските јајца.

Бојадисаните јајца се симбол на новиот живот и се неодминлив дел од Велигден и велигденските обичаи. Боите можат да бидат различни – од жолта, сина, виолетова, црвена, тиркизна, зелена и други.

 

Која и да ја изберете нивната цел е иста – да се израдуваат децата и да покажеме како веруваме во новиот живот.

Но, дали знаевте дека секоја боја си има свое значење? – еве кое

- Црна – вечност

- Жолта – светло, среќа

- Црвена – божествена љубов, надеж

- Кафеава – среќа

- Бела – чистота, невиност

- Портокалова – издржливост и сила

- Зелена – раст

- Виолетова – надеж и вистина

- Сина – здравје

Исто така, и знаците на јајцата имаат свое симболично значење:

- круг околу јајцето е вечност,

- точките се солзите од Марија,

- триаголникот е симбол на светото Тројство.

Како украсни предмети дел од велгденската традиција служат пилиња, зајачиња, кокошки, петли како и комбинација од сите при правењето декорации.

17.04.2014 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега