Балканот се крена на нозе за малиот Марко кој остана без своето семејство

Целиот Балкан се крена на нозе за малиот Марко од Србија на кој во еден ден му се сруши целиот свет откако остана без мајката Драгица (37), таткото Ѓоко (46), сестрата Марија (13), братот Андрија (6) и стрината Снежана (47). 

Во понеделникот малото момченце собра сила и отиде на училиште, а потоа изјави дека сака за него да се грижи неговиот чичко.

Како што пренесува српскиот Курир, голем број лица како од Србија, цел Балкан и странство се заинтересирани да помогнат на малото момче кое го зави во црно голема трагедија. Бројот за донации во Комерцијалната банка во Србија е 205 – 9011005461043 -  18 на име Marko Vučinić.

17.04.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа