Мила Кунис и Ештон Качер ќе имаат девојче

Познатата холивудска двојка Мила Кунис и Ештон Качер, според последните информации од извор на американското списание “Јуес викли", очекува девојче. Ова е прво дете за Кунис додека пак Ештон веќе има искуство со деца бидејќи еднаш веќе учествувал во воспитувањето на ќерките на претходната сопруга Деми Мур.

“Ештон е целосно посветен на Мила и и угодува на секој нејзин каприц за време на бременоста”, изјавил близок до ѕвездената двојка.

17.04.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега