Иванов денеска во Виница Берово и Пехчево
Политичките партии денеска ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори закажани за 27 април.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател Ѓорге Иванов денеска митинзи ќе одржат во Виница и Берово, а средби со граѓани во Пехчево.
Кандидатите за пратеници на ДУИ ќе имаат митинг во Ресен и средби со граѓани во Битола.
Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во Студеничани.
ГРОМ ќе одржи митинг во општина Бутел, а ќе има и средби со граѓани во општините Карпош, Чаир и Аеродром.
Претседателот на Алијанса за позитивна Македонија Љупчо Зиков ќе го посети СОС Детско село во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа