Прекин на финалето од фудбалскиот Куп меѓу Тетекс и Шкендија на Филип Втори

Втор прекин на финалето од македонскиот фудбалски куп меѓу Шкендија и Тетекс. Поради недлично навивање судијата Александар Ставрев за само 30 минути по втор пат ги испати играчите во соблекувалните. Навивачите на Шкенија скандираат „УЧК“ и свиреа при интонирањето на македонската национална химна пред почетокот на натпреварот. Не останаа должни ни навивачите на Тетекс, поуларните Војводи кои поддржани од нивната збратимена навивачка група, Комити, возвратија на провокациите. Натпреварот во моментов е во прекин и не се знае кога ќе продолжи

најчитано сега