Битола, Скопје, Свети Николе. Кој е следниот град за 7ка на ЛОТО

 

Државна лотарија на Македонија на 03.05.2010, во 20:00 часот на ТВ Сител гo реализираше извлекувањето на првото коло на играта на среќа НовоЛото 7/34. Од првото емитување, досега успеавме со богатите премии да ги радуваме сите наши играчи. Посебно најсреќните. На 16 март годинава,  го добивме 5тиот по ред добитник на премијата 7ка  вредна  17.383.421,50 денари  Според нашиот компјутерски систем , добитникот своето НОВОЛОТО ливче го уплатил во Скопје .  Претходно,  4те среќни добитници ги добивме  во 2010, 2011 и 2012.

За потсетување првата 7ка од почеток на приредувањето на играта на среќа  НовоЛото 7/34 (23.04.2010), падна на 10ти мај 2010,  во 37-мото коло и вредеше 344 000 евра. Практично, првата седумка падна за 13 месеци од приредувањето на оваа игра на среќа. Затоа пак следните две премии 7ка се случија за мошне карток временески период.  Втората седумка се случи за неполни пет месеци по првата, а 86то коло ја донесе третата 7ка на НовоЛото, вредна 7.777.777 денари.   2011та година се покажа како  очигледно среќна и за македонските играчи на игрите на среќа и за приредувачот – Државна лотарија на Македонија. Ова е прв случај во историјата на лото игри приредувани во нашата земја, главната премија да доаѓа со ваква динамика. Имено 7ката за 6 месеци три пати ги посети македонските играчи. Првата вредна 344.000 евра  (во Мај – 37мо коло), втората 100.000 евра (септември – 77мо коло), третата приближно 130.000 евра, или 7.777.777 денари (октомври – 86то коло). На првата 7ка и беше потребно повеќе од една година да ги израдува играчите, за разлика од третата која како одвај да дочека да помине еден месец, или поточно, од втората седумка добиена во 77мото коло не делат само 9 кола. Интересно беше што дури трите големи премии не носеа кон Битола. Имено, првите среќни броеви беа уплатени во продажното место - Студио Гина, вторите во киоскот Тобако, иако од играч од друг град, а третите во продажно место на Никофон, сите во Битола. Да не го заборавиме и 4тиот добитник на седумка. Уплатта беше извршена во уплатното место Венмарк во Свети Николе. Нашиот среќен добитник уплатил 4 комбинации по 15 за 60 денари  и тоа точно на  30 јуни 2012. Неговата добивка  беше вредна 275.000 евра.

Дамите добитнички на премијата 7ка, одлучија да го откријат својот идентите пред јавноста.  Прва тоа го стори Риса Димова, добитникчката од Битола на третата 7ка од играта на среќа НовоЛото 7/34. Таа својот идентитет на јавноста и го откри како гостинка на Игор Џамбазов во емисијата Џамбо Бинго.  Другата дама е Даниела Тасева Цветкова- добитничката на 7ката во Ново Лото 7/34. Таа својот идентитет пред медиумите го откри на  отворање на Втората младинска куќа на СОС Десткото село во Бардовци. Таму на иницијатива на Држвавна лотарија на Македонија се обезбедија мебел и бела техника, како и други електрични апарати во вредност од над 11.000 евра за младите во оваа куќа да можат да го почнат својот живот.

Покрај вредните премии 7ка, досега играчите на Новолото 7/34 се радуваа и на други добивки. Најголемите поединечни добивки се две добивки НовоЛото Џокер од по 600.000,00 од кои едната од 18то коло замина во Делчево, втората во Скопје во 43тото коло. Првата најголемата добивка на НовоЛото 7/34 за 6+1 изнесуваше вкупно 774.523,00 и за прв пат се постигна во 17тото коло, а согласно правилата во случај на две адекватни добивки, се подели на двајца добитници по  387.261, 50 денари. Најголемата поединечна добивка за 6+1 дојде во 26тото коло со вкупна вредност од 415.432,00 денари.  Следната премија 6+1 вредна 187.787,50 денари, се случи на 16 март годинава.  Практично тоа коло беше рекордно по добивки, бидејќи донесе премија 7ка,  добивка 6+1 како и 24 6ки.

Според статистиката на Државна лотарија на Македонија, по Скопје, град кој најмногу игра НовоЛото 7/34 е Битола, а потоа следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип. 

најчитано сега