СРД: Телевизиите ќе добијат дозвола за дигитална платформа
Вкупно 60 телевизии доставија барање до Советот за радиодифузија за промена на дозволата за емитување на програмата од аналогна во дигитална, што треба да почне од 1 јуни.
Од 60. телевизии, 30 одлучиле да емитуваат програма преку Digi TV платформата на компанијата ОНЕ, избраниот оператор за дигитално емитување на програмите, а 30 преку кабелски оператори.
- Сите 60 телевизии ќе добијат дозвола да емитуваат програма на дигитална платфора и ќе им важат од денеска, но официјално ќе им бидат врачени на 29 мај. Измените дозволи ќе им важат до датумот на важност на претходните дозволи, информира Трајчевски.
Од ОНЕ информираат дека со многу од телевизиите веќе имале разговори за техничките аспекти. - Ние ја направивме дигиталната платформа. Законот овозможува емитувањето да биде и преку кабелски опаратор или сателитски, но сметам дека нашата Digi TV е најдобра затоа што покрива 92 проценти од територијата, а со тоа ќе се зголемат понудите на Бум ТВ. Плус со користење на ресивер на Бум ТВ наместо досегашните 45 телевизиски канали, ќе се добие можност за гледање на 60 канали. Ја има и можноста ресиверот да се носи со себе на планина, во викендичка и слично, рече на прес-конференција главниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол.
ФОТО: Дневник