Станала баба на 27 години - проверете кога се породила ќерка и

Девојчето останало бремено на 11 години од момче само една година е постаро од неа! Тие станаа најмладите родители во Британија откако неодамна им се роди ќерка – пишува „Д Сан“.

Мајката на 12-годишното девојче има само 27 години и стана најмладата баба!

Најмладите родители во Британија, чии имиња не се откриваат поради возраста, се запознале на Божик во 2012 година. Велат дека се многу вљубени. Дванаесетгодишната мајка и 13-годишниот татко велат дека ќе останат заедно, ќе влезат во брак и заедно ќе го одгледуваат своето дете.
- Ние дознавме дека нашата ќерка е бремена само пред еден месец. Тогаш беше во осмиот месец од бременоста. Ова бебе безусловно доаѓаше на свет. Моравме да ѝ дадеме поддршка. Семејствата од двете страни решија да помогнат. Ни го крши срцето, но не можеме да го вратиме времето назад – вели таткото на девојчето за радио „Ел-Би Си“.
- Не знаеме како се случило да забремени. Не можеме да ја контролираме по 24 часа на ден – додава тој.
Младата мајка на новороденото има тригодишна сестра и 9-годишен брат. Нејзините соученици биле шокирани од веста дека таа има бебе – одела на училиште до пред еден месец и не изгледала бремена. Во 2012 година во Британија забремениле 27.834 девојчиња на возраст под 18 години. Од нив 253 биле на возраст под 14 години!
- Девојчињата влегуваат порано во пубертет. Толку раното породување може да доведе до ризици за здравјето. Им го одзема детството. Не е крај на светот, но тие ќе зависат од други, финансиски и емоционално. Секогаш тинејџерските родители ми велат дека многу си ги сакаат децата, но да можеле да избираат, би почекале со нивното раѓање додека не станат финансиски независни – вели Хилари Панак од хуманитарната организација за тинејџерска бременост „Стрејт Токинг“.

16.04.2014 - 20:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега