ВИДЕО: Процури снимката на најголемиот собир на Ал Каеда - „Ќе ја нападнеме Америка и не ни е гајле за последиците“

 

На инернет процури снимка од најголемиот собир на терористичката организација Ал Каеда кој е забележан во последните неколку години. Имено снимката која излезе а прв од западните медиуми ја објави Си-Ен-Ен, најпрво излезе да се шири низ џихадските сајтови. 

Штом се случило тоа за истата се заинтересираа американските експерти за тероризам, кој напоменуваат дека истата е целосно автентична. Тие прашуваат дали е возможно да Пентагон и ЦИА се уште се немаат огласено за истата, или да биде уште полошо, ја немаат ни видено?!

Имено на снимката може да се забележи вториот човек на Ал Каеда Насир ал Вухајши, кој им порачува на своите војници дека сака да ги нападне САД и дека не се плаши од последиците. 

„Мораме да го отстраниме и искорениме крстот, а носач на истиот е Америка“, вели тој пред своите борци. 

 

Медиумите потсетуваат дека тој човек е водач на фракцијата на Ал Каеда, кој во своите редови има војник кој може да постави бомба во авионот, која никој не може да ја открие.

 

16.04.2014 - 19:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега