За фудбалскиот Куп на Македонија битка ќе водат Металург и Работнички

Работнички и Металург во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Ова е исходот по реванш натпреварите од полуфиналето одиграни денеска во Скопје и Штип.

На арената „Филип Втори“ во Скопје, Марко Симоновски во 80. минута беше стрелец на победничкиот гол за Металург во дуелот против Тетекс, со кој тимот од Автокоманда славеше минимална победа со 1:0 доволно за пласман во финалето. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши без голови 0:0.

Во Штип, Брегалница со головите на Аксентиев (26-минута) и Митров (85.) го доби регулатрниот дел од дуелот против Работнички со 2:0, со што ја анулира негативата од (0:2) по првиот натпревар одигран во Скопје. Сепак, во пенал „рулетот“ повеќе нерви, среќа и умеење имаа фудбалерите на Работнички кои дури по осмата серија на ударите од белата точка се радуваа на победа со конечни 5:4 по што „Романтичарите“ обезбедија пласман во финалето.

Финалето на годинашниот фудбалски Куп на Македонија ќе се игра на 7 мај на арената „Филип Втори“ во Скопје.

16.04.2014 - 18:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега