Тодоров: Со изградба на хидросистемот „Лисиче“ до повеќе обработливи земјоделски површини
Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица Никола Тодоров денеска во Велешко го презентираше проектот за изградба на хидросистемот „Лисиче“, кој е дел од изборната програма на партијата.
Станува збор за проект вреден 1.200.000 денари, кој треба да почне да се реализира во 2018 година.
- Суштината на овој проект е правење водоснабдителна мрежа која ќе овозможи 3.000 нови хектари земјоделски површини да бидат ставени под водоснабдителен систем и овозможување на земјоделското производство на нови 3.000 хектари земјоделска површина, како и поврзување со езерото „Младост“ со еден цевковод од шест километри со кој потоа ќе може да се отворат нови 1.500 хектари дополнителни земјоделски површини за обработка, изјави Тодоров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа