Ферги си го продава виното!
Повеќе од 20 години, Сер Алекс Фергусон, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, собирал сортни вина, па денеска неговата колекција, прераснала до над 5000 шишиња. Голем дел од нив се од бургоњот Домен де ла Романа-Конти, за кој се вели дека постои голема побарувачка.
„Кога почнав да се интересирам за виното, тоа ми овозможи да имам нешто поинакво во животот, освен фудбалот. Дури пред две, три години сватив што имам во подрумот. Кога се повлеков од менаџерската позиција лани, донесов одлука дека е време се да продадам“, вели Сер Алекс.
Ферги најави дека две третини од колекцијата ќе биде понудена на аукција во Хонг Конг, додека остатокот ќе биде претставен на купувачите во Лондон. Покрај скапите вина, на аукциите ќе се најдат и некои лични предмети на Фергусон. Аукциската роба е проценета на три милиони фунти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа