Освоени шест украински воени оклопни возила од страна на проруските сепаратисти

Проруски сепратисти потпомогнати од руски агенти заробија шест украински воени оклопни возила во источниот дел на Украина, соопшти украинското Министерство за одбрана.

- Денеска, 16 април во Краматорск, Доњецка Област, влегоа шест воени оклопни возила на Вооружените сили на Украина, кои дејствуваа според планот за антитерористичка операција. Во центарот на градот движењето на колоната беше блокирано од локални жители, меѓу кои имаше и припадници на руски диверзантско-терористички групи. Заробените возила се упатија кон градот Славјанск, се истакнува во соопштението на украинското МО.

Претставнци на сепаратистите соопштија дека оклопните возила веќе се во Славјанск, кој од саботата е под контрола на проруските демонстранти, кои ги зазедоа зградите на општинската управа, милицијата и на локалниот огранок на украинската служба за безбедност.

16.04.2014 - 17:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега