Ставовите на Москва за Украина не допираат до европејците поради цензурата во медиумите

 

Ставовите на Москва за Украина не допираат до европските граѓани, бидејќи тие наидуваат на „бетонски ѕид на цензура“ во медиумите, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

- Европските читатели и гледачи сега фактички не можат да добијат сеопфатна информација. Тие немаат право на слобода при избор на информации. Тоа го констатираме со огромно жалење, но тоа е вистината, истакна Песков.

Според него, претседателот, Парламентот и министерот за надворешни работи на Русија активно работат на тоа да ги „објаснат погледите на Москва и да ги оспорат овие или оние обвинувања и шпекулации“.

Тој додаде дека рускиот став е аргументиран и логичен, но „не поминува“ поради цензура во европските медиуми.

16.04.2014 - 17:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега