Барозо: На Истокот постојат две концепции за Европа

 

Во земјите од источното соседство на ЕУ се видливи две концепции за иднината на Европа, кои се меѓусебно противречни, изјави денеска претседателот на Европската комисијата, Жозе Мануел Барозо.

- Едната (концепција) е за модерна, отворена и демократска Европа во која 28 земји доброволно се обединети во ЕУ, со цел да остварат најреволуционерен напредок во историјата на човештвото, изјави Барозо на церемонијата во Европскиот парламент посветена на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

Покрај оваа, според Барозо, постои и „стара концепција за Европа, која се базира на мислења и постапки што ги користат категориите моќ, сфери на влијание, диктати и недоверба по моделот раздели па владеј“.

- ЕУ е нашата поука по Втората светска војна и таа треба да постои и во иднина. Никогаш, повторувам никогаш, мирот и стабилноста не треба да ги прифатиме како нешто што се подразбира само по себе, потенцира Барозо.

Тој нагласи дека од последните случувања во Украина, Европа треба да извлече поука дека е потребна поддршка на мирот.

- Треба да ја заштитиме Европа и да ги штитиме мирот и стабилноста во Европа, потенцира Барозо во обраќањето.

16.04.2014 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега