ВИДЕО: Конечно разоткриен мистериозниот круг на небото

Мистериозниот црн прстен на небото над британскиот "Leamington Spa" стави прашалник над главите на многумина кои имаа можност да го видат во живо или на видеото на Јутјуб.

Видеото го снимила и го објавила на интернет 16-годишната ученичка која го приметила додека играла тенис со својата мајка. Кругот на небото бил формиран околу три минути и потоа исчезнал.

 

Веднаш се појавиле неколку теории околу неговото појавување. Па така некои тврделе дека видеото е наместено, другите кругот го протолкувале како метеоролошки феномен, а има и такви кои во него гледале формација на инсекти и секако не можеше да помине без некој да спомне дека можеби станува збор за вонземјани.

Но, за среќа или разочарување, не станува збор за ништо од горенаведените можности. Вистината излегла на површина вчера попладне благодарејќи на соопштението за јавноста кое било упатно од дворецот на Warwick Castle во кое стои дека мистериозниот круг е всушност резултат од тестирање на огномет.

Потпаролот на замокот тврди дека видел безброј различни ефекти на огномет но дека ваков грозоморен призор не сретнал до сега.

16.04.2014 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега