Попоски: Приритет е вработувањето на младите до 29 години

 

Мерките за вработување на најмладата категорија лица се меѓу приоритетните, на нив сме посебно посветени, рече на денешната средба со граѓаните во Гостивар Никола Попоски, носител на листата во Изборната единица 6 од коалицијата „За подобра Македонија“ што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

- Една мерка е посветена на поттикнување на практиканството  три месеци, период во кој државата ќе го покрие надоместокот, персоналниот данок и осигурувањето на вработениот со цел да се стекне со некои практични искуства кои ќе му овозможат понатамошно вработување. Во овој дел изминатата година имавме покриено речиси 1.300 лица од кои над 700 добија и вработување. За следниот период, за следната година се предвидени 319 лица кои ќе бидат покриени со оваа мерка, информира Попоски, образложувајќи ја изборната програма.

Втората мерка за поттикнување на вработувањето на најмладите до 29 години се однесува, како што истакна, на оние со завршено средно или високо образование, можност од државата да поддржи едно практицирање во рок од три месеци со обврска за работодавачот да ги задржи уште најмалку шест месеци за да се стекнат со определени способности и знаења кои ќе му овозможат вработување понатаму.

16.04.2014 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега