ВИДЕО: Новинар запали џоинт додека разговараше со претседателот

 

Новинарот на сајтот Vice одлучи да дојде подготвен на интервјуто со претседателот ан Уругвај Хосе Мухико, кој меѓудругото е познат и по тоа што ја легализираше марихуаната во својата држава.

Во текот на разговорот со претседателот новинарот си запали џоинт, а потоа поразговара со претседателot на тема дрога и марихуана.

Овој клип е најава за документарецот на Вајс за легализација на марихуанта во Уругвај.

Кришна Андавоглу, репортер на Вајс, запали џоинт пред самиот почеток на интервјуто со 78-годишниот претседател Хосе Мухико.

Потоа поразговара со него за тоа што претседателот на Уругвај мисли за употреба на дрогата.

-Ако ви е потребна дрога за да се почувствувате слободен, тогаш си готов. Мојата слобода е овде - вели Мухика и покажува на својата глава.

Кон крајот на годината, Уругвај стана прва земја во светот која потполно дозволи производство, продажба и конзумација на марихуаната и покрај негодувањето на ОН.

Претседателот не се откажа од легализацијата, бидејќи верува дека всушност легализацијата ќе придонесе да се смали потрошувачката на оваа дрога.

16.04.2014 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега