Паника: На Драгана Мирковиќ и исчезна прстен од 5.000 евра!

Пејачката Драгана Мирковиќ се најде во незгодна ситуација кога за време на снимањето на својот најнов видео-запис, сфатила дека и го нема прстенот од рака, вреден 5.000 евра.

Според податоците на српскиот Курир, Драгана го извадила скапоцениот накит од себе за да се спреми за снимањето, а една девојка која и помагала го тргнала прстенот на сигурно, но заборавила да и каже пред да отиде да заврши некакви обврски.

- Кога Драгана сакаше да си го стави прстенот непријатно се изненади. Ни нејзиниот сопруг не успеа да ја утеши, бидејќи тој прстен и бил многу драг спомен, велат сведоци за порталот.

Сепак, кога девојката се вратила веднаш го вратила прстенот, на што пејачката и се заблагодарила и ја прегрнала.

16.04.2014 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега