Повеќе скопски населби утре без струја

Повеќе скопски населби утре ќе бидат без електрична енергија заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето.

Како што информира ЕВН Македонија, од 10 до 12:30 часот без струја ќе бидат основното училиште „Рамиз и Хамид“ и дел од корисниците лоцирани на улиците „Че Гевара“, „Вашингтонска“ и „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари.

Од 9.30 до 11 часот без струја ќе бидат дел од жителите лоцирани на улицата „Белчишка“, а од 9 до 14 часот корисниците од улицата „1“ во Студеничани.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Црногорска“, „6“ и „8“,а од 12:15 до 14:30 часот повеќе индивидуални објекти во Карпош. 

16.04.2014 - 14:47
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега