Снежна идила среде април во Маврово и Гостивар

 

Гостиварчани утрово се разбудија изненадени. Снегот кој од синоќа паѓа во гостиварскиот регион формира покривка со висина од 6-7 сантиметри во Полог, а на Маврово над 30 сантиметри. Според информациите од Ски Ценатрот "Заре Лазаресаки" на повисоките делови на Бистра, наврнале над 40 сантиметри.

Многумина од рано ја облекоа зимската гардероба, бидејќи температурите се околу  „нулата“.

Во одредени населени места во мавровскиот регион има прекини со снабдувањето со електрична енергија.

16.04.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега