Милошоски: Младите да основаат свој бизнис
Една од мерките која што на ВМРО-ДПМНЕ му е особено важна е поддршката на младите да основаат свој бизнис, изјави денеска носителот на листата на пратеници во Изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, за време на посетата на прилепското село Ропотово.
- Оние до 29 години ќе имаат можност преку Агенцијата за вработување да подигнат кредит за основање нови фирми во износ од 7.000 евра, 18 месеци има грејс-период, а после во следните 5,5 години треба да се врати кредитот со минимална камата од еден отсто, рече Милошоски.
Младите кои имаат идеја, иновација, добро образование или одредено стекнато искуство на семејно ниво, вели тој, ќе треба да ја искористат оваа прилика за да можеме што повеќе млади луѓе да ги вклучиме во нашето стопанство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа