Меркел повторно на врвот на листата за највлијателни жени во светот

 

Германската канцеларка Ангела Меркел и годинава останува највлијателна жена во светот.

По неа на листата се  претседателката на Бразилија Дилма Русеф и сопругата на Бил Гејтс, Мелинда Гејтс, според листата на „Форбс“ на највлијателни жени во светот.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард се искачи за една позиција и се наоѓа на седмото место.

Најмлада на листата е 27-годишната ексцентрична пејачка Лејди Гага, која се наоѓа на 45-тата позиција, додека најстара е британската кралица Елизабета Втора (87), која е на 40. место.

 

најчитано сега