Јанкулоска денеска со набиена агенда
Носителот на Изборна Единица 2, Гордана Јанкулоска од ВМРО-ДПМНЕ, за денес има богата дневна агенда.
Јанкулоска денеска во 12:00 часот ќе има средба со населението од Ромското маало и Кадриово маало пред ОУ „Наум Наумовски Борче“ во населба Триангла, Општина Гази Баба, а потоа во 13:00 часот таа ќе оствари средба со населението спроти бензинската ЛУК ОИЛ, Општина Гази Баба .
Во 14 часот е предвидена посета на пензионерскиот дом во Автокоманда, Општина Гази Баба, а во 15 часот акција од врата до врата со граѓаните од Ул. Јани Лукровски, Општина Гази Баба. Последниот настан денес Јанкулоска ќе го има во 18:00 часот, на Бизнис форум (Ресторан Рим Париз), Општина Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа