Путин предупреди- Украина е на работ на граѓанска војна
Актуелниот руски претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека ескалацијата на судирите во Украина ја довеле земјата на работ на граѓанска војна, соопшти прес-службата на Кремљ.
- Остра ескалација на конфликтот, во суштина, ја доведе земјата на работ од граѓанска војна, се наведува во соопштението на Кремљ за телефонскиот разговор меѓу Путин и Меркел, на иницијатива на Берлин.
Меркел и Путин го „истакнаа значењето“ на утрешните разговори меѓу САД, ЕУ, Русија и Украина во Женева.
Наспроти разликите во толкувањето на актуелните настани, во фокусот на разговорот беа подготовките за состанокот на 17 април во Женева, соопшти Канцеларијата на германската канцеларка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа