Фото конкурс: Град Скопје дава 120.000 денари за најдобрите фотографии

Градот Скопје врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје, објави конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје.

Во конкурсот можат да учествуваат сите професионални фотографи, аматери и деца. Огласот содржи неколку критериуми на кои треба да се придржуваат учесниците како на пример, да се достават минимум 10, а максимум 50 фотографии без разлика дали се дневни или ноќни, фотографиите да бидат во јпг или друг формат со висока резолуција, да не бидат постари од 5 години и да бидат присутни што е можно поразлични мотиви од Скопје.

Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија гормирана од Град Скопје, а на конкурсот ќе бидат доделени три награди од кои, прва награда (50.000 ден.), втора награда (40.000 ден.) и трета награда (30.000 ден.).

Кандидатите, своите фотографии исто така треба да ги достават на ЦД во затворен плик на кој на горниот агол треба да стои ознаката не отварај”, а во средината на пликот треба да биде назначена точната адреса на примачот. Во самиот плик треба да има уште два затворени плика, од кои едниот со ознака предлогшифра, а другиот со документација со истата шифра да ја содржи документацијата и идентификацијата на испраќачот.

Адресата на која кандидатите треба да ги испраќаат своите предлог фотографии е:

Град Скопје

Сектор за локален економски развој

Бул. Илинденбр.82, 1000 Скопје

Со назнака за Конкурсот за најдобра фотографија”, или лично, во Архива на Град Скопје.

Ова е одлична можност за љубителите на фотографијата, преку својата креативност да ни го покажат начинот на кој тие го доживуваат Скопје и да го преку фотографии да ги презентираат убавините на Скопје.

Кандидатите ќе имаат рок од 15 дена да ги достават своите предлози.

Веруваме дека оваа иницијатива ќе биде поддржана од многу граѓани и дека Скопје ќе добие нови и интересни репрезентативни фотографии.

Вакви слични конкурси имало и предходно од различни субјекти и секогаш биле успешни со голема заинтересираност.

Вакви слични конкурси секогаш доведуваат до поголема заинтересираност од туристите како за Скопје така и за Македонија, поаѓајќи од фактот фотографии од ваков карактер се повеќе се застапени на Фејсбук и на останатите социјални мрежи.

најчитано сега