Го убил татка си зошто го разбудил порано
44- годишниот Горан Стефановиќ е уапсен поради сомнеж дека во неделата предпладне со пиштол го убил својот татко Слободан(69) во селото Јарушице.
Горан наводно веднаш по пукањето се јавил во полицијата и го пријавил стореното дело. Кога дошла полицијата телото било сместено во када.
“Татко ми ме разбуди во 10:40 часот и го предупредив повеќе да не ме буди толку рано. Потоа го земав револверот, за кој имам и дозвола и се упатив кон вецето каде беше татко ми и пукав дирекно во неговата глава”- изјавил Горан пред полицијата.
Тој додал дека пред да дојде полицијата успеал да го исчисти телото од крв и го сместил во кадата и запалил свеќа.
Горан и Слободан живееле со двете деца на Горан кои за време на убиството биле кај нивната мајка за празникот Цветници.
Според селаните Горан не бил во лоши односи со својот татко и досега никој нема слушнато тие двајца да се скараат.
“Се случува од кога дознав дека Горан направил такво нешто око немам затворено” изјавил соседот Зоран Благојевиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа