Груевски: За три недели 5 странски компании објавија инвестиции во Македонија
Премиерот Никола Груевски на митингот кој ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва го одржа во Гевгелија истакна дека во последните три недели пет странски компании објавиле дека ќе инвестираат во Македонија.
-Денеска една холандска компанија која објави дека ќе гради свој капацитет во Кочани, тоа е втор капацитет во Кочани за производство на семе за цвеќиња. Една таква компанија веќе ја гради својата фабрика во Кочани, ова е втора која нема да и биде конкурент на првата затоа што произведуваат различни семиња з различни видови на цвеќиња, посочи Груевски.
Тој нагласи дека за наведениот период влез за инвестирање во Македонија најавиле две компании од Германија, една од Америка, една од Холандија и Италија.
Груевски додаде дека ваквата работа е нивниот фокус и дека се посветени на отворање на нови работни места и зголемување на бројот на инвестиции во земјава.
Токму затоа посочи премиерот, во новата програма предвидуваат отворање на 64.000 нови работни места, но и влез на 30 странски инвестиции кои ќе отворат најмалку 10.000 работни места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа