И пресадиле седум органи- денеска успешно живее и се чувствува одлично

 

Девојче од Париз на кое пред четири години за време на операцијата му пресадиле седум органи, денес се чувствува одлично, пренесува францускиот весник Фигаро.

Лекарите од болница Некер во Париз извршиле повеќе трансплантации на органи на тогаш петгодишното девојче со потекло од Германија, кое боледувало од многу ретко нарушување на желудникот.

На девојчето за време на 12 часовната операција и е пресаден желудник, тенко и дебело црево, панкреас,  два бубрега и црн дроб.

Лекарите минатата недела го посетија девојчето, кое  сега има речиси девет години и се чувствува одлично. Таа ќе мора како и сите пациенти со трансплантирани органи, да биде со терапија сиот живот и да биде под строг лекарски надзор.

Насмеаното девојче на лекарите им кажало дека сега сега “одлично се согласува со новиот стомак”.

Трансплантацијата на повеќе органи одеднаш е многу ретка и ризична.

15.04.2014 - 20:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега