Се заоструваат односите меѓу украинската армија и проруските сепаратисти- 4лица загинати

Четири лица загинаа во денешните судири меѓу украинската армија и воружените проруски сепаратисти во реонот на Доњецк во источна Украина, јави ДПА.

- Судирите избувнаа додека украинската армија ја враќаше контролата над малиот аеродром во близина на градот Краматорск, изјави в.д. претседателот на Украина и претседавач на украинскиот Парламент, Олексанар Турчинов.

ДПА наведе дека се уште нема официјална потврда за бројот на жртвите, а портпартолот на сепаратистите наведе дека еден нивни припадник е повреден во престрелката.

15.04.2014 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа