Украинската војска зазеде воен аеродром во источна Украина

 

Неколку лица се повредени при акцијата на украинските војници за заземање на воениот аеродром во близина на градот Краматорск во источниот дел на Украина.

Украинските војници на воениот аеродром, што се наоѓа меѓу градовите Краматорск и Славјанск, пристигнале со оклопни транспортери.

- Тие почнаа да преговараат со народната милиција, која го контролираше аеродромот. Престрелката почна неочекувано. Има повредени меѓу припадниците на народната милиција, изјавија членови на оваа проруска паравоена формација.

Активистите соопштија и дека припадници на милицијата го блокирале влезот во градот Краматорски и се подготвени да го бранат.

Украинските медиуми наведуваат дека на аеродромот се слушаат истрели и експлозии.

15.04.2014 - 18:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега