Монструм- на студентска прослава со нож убил пет лица

Еден учесник во студентска прослава во канадскиот град Калгари со нож уби петмина од присутните на забавата.

Според податоците од полицијата три лица загинале на самото место на инцидентот, а двајца им подлегнале на повредите во болница. Сите жртви се на возраст од околу 20 години.

Убиецот е уапсен и сослушан од истражните органи, но мотивите за злосторството се уште не се познати.

Студенти од Универзитетот во Калгари биле собрани на годишна прослава, а бројот на присутните не е соопштен. 

15.04.2014 - 18:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега