Силувана ученичка во тоалет: 500 ученици и професори на ДНК анализа

Уште една приуказна која го потресе светот.  16- годишно девојче било силувано во тоалетот на католичката гимназија во Ла рошел Франција. ПО седум месеци откако се случил немилиот настан за девојчето почна акција на масовно земање на ДНК заради решавање на овој случај.

Резултатите би требало да бидат познати за еден месец, а негативните анализи ќе бидат уништени, пренесоа француските медиуми.

Акцијата почна пред околу 8 часови по локално време врз 527 лица присутни во моментот кога е извршено злосторството.

Се работи за акција која пред се ги вознемири момчињата во училишната зграда, иако учениците имале цел викенд за да се подготват за доаѓањето на полицијата.

Жан - Франсоа Футен, градоначалникот на Ла Рошел, кој бил присутен во таа установа, изјави за ТВ станицата БФМ дека досега никој не одбил да му биде направен ДНК тестот.

Злосторството е извршено во тоалетот од гимназијата, светлото било изгаснато, така што жртвата не можела да пружи докази на полицијата која ја водела истрагата.

На облеката од жртвата сепак е изолирана ДНК од непознато машко лице.

Лабораторијата од Лион ќе биде задолжена за утврдување на денеска собраните ДНК прогили, а од Нант потоа ќе си споредуваат еден по еден со профилот на непознатото лице што г изврши силувањето.

15.04.2014 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега