Бакшиш од соништата: Италијанец оставил 1.000 долари на келнерка за да и се исполни најголемата желба
На Интернет деновиве се прошири приказната за еден великодушен маж од Фиренца кој оставил голем бакшиш на келнерка од Италија која работи во ресторан во Америка.
Имено, тој седнал да јаде во еден ресторан и за оброк од 60 долари тој оставил бакшиш од 1.000 долари.
Келнерката разменила неколку зборови со гостинот за нејзината родна Италија и тоа како сакала да оди дома да ја види мајка си, а тој на излегување од ресторанот и рекол само Чувај се и и оставил бакшиш кој ќе го памети до крајот на животот за да и се исполни желбата.
Браво за великодушниот човек!